Разрешен е директорот на Развојната банка Кире Наумов, кој беше поставен во времето на СДСМ.
На негово место како вршител на должноста е поставена Ефимија Димовска, член на Надзорниот одбор.
Наумов е разрешен на седница на Надзорниот одбор одржана на 23 февруари.
– Согласно член 166 – б став (1) алинеа 4 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор -Главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – Главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор, стои во соопштението од Македонската берза.
Развојната банка е државна институција преку која одат сите кредити што ги пласира државата за стопанството, вклучувајќи го и унгарскиот кредит.


