Од денеска почнува примената на засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Корисниците на платежни картички при онлајн плаќањата наместо досегашната потврда со СМС-код, ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата.
Потврдата ќе се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице.
Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е поголема заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи.


