Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, е убиен во напади на Израел и САД, објави иранската државна телевизија.
– Врховниот лидер на Иран, Имам Хамнеи, почина – се наведува во соопштението.
Иранската влада прогласи 40-дневна жалост и една недела одмор по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи.
Американскиот претседател Доналд Трамп и висок израелски функционер, да потсетиме, претходно изјавија дека Хамнеи е убиен, но Техеран досега одбива да го потврди ова.
Иранската новинска агенција Фарс претходно објави дека во нападите биле убиени четири члена на неговото семејство, вклучувајќи ја неговата ќерка и внука.
The post Иран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи appeared first on Во Центар.



