Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија се спојуваат во една клиника. Одлуката била донесена на предлог на Министерството за здравство на седницата на Владата одржана во вторникот.
Според ресорниот министер Азир Алиу, со ова се формира единствен центар за терциерно ниво за за кардиоваскуларна медицина со кој ќе се овозможи рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.


