По пауза од повеќе од еден месец денеска ќе се одржи нова седница на Економско-социјалниот совет. Меѓу точките на дневен ред е потрошувачката кошничка што ја изготви Владата која не се согласува во пресметките што со години ги прави Сојузот на синдикати на Македонија.
Според Владата, синдикалната потрошувачка кошница не ги дава реалните трошоци и не се заснова на реални податоци. Забелешките на Владата, според изјавите на владините претставници, се однесуваат на цигарите, кафето, црешите, грозјето….
Сојузот на синдикати на Македонија со години, секој месец ги пресметува минималните трошоци на едно четиричлено семејство. Според пресметките на ССМ, вредноста на синдикалната кошничка расте. Само во првите два месеца од годинава е порасната за речиси две илјади денари колку што се очекува да се зголеми минималната плата што значи дека зголемувањето на минималната плата која работниците ќе ја земат во април е веќе изедена. Поради зголемените трошоци за живот, ССМ бара минимална плата од 600 евра и зголемување на останатите плати на 100 евра.
Владата остана за ова да се договорат синдикатите и работодавачите, а дека таа ќе прифати она што ќе се договорат, но не се согласува со барањето да ги субвенционира дел од придонесите за да се зголеми минималната плата.
Прашањето за минималната плата не е ставено како посебна точка на денешната седница на ЕСС.
Доколку не се зголеми минималната плата на 600 евра и останатите плати за 100 евра, ССМ најавува уште еден голем протест и организирање на генерален штрајк. По блокадите што ги реализираше, од ССМ и оставија простор на Владата до почетокот на март да се договори со работодавачите за колку ќе ја зголемат минималната плата.
На последната седница на ЕСС одржана во декември, воопшто не беше ставено на дневен ред прашањето за зголемување на минималната плата, но се отвори на барање на ССМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


