Тошковски потврди дека е уапсен сопругот на починатата жена во Карпош, против него имало повеќе кривични пријави

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција информираше дека пред трагичниот настан во скопски Карпош во кој починаа мајка и дете имало пријава за расправија меѓу сопружниците. Полициските службеници пристигнале во 12:19 часот по што бил извршен разговор со сопругата која изјавила дека станува збор за недоразбирање и дека не сака да се поведе постапка.
Тошковски рече дека имало пријави, но дека сопругата се откажувала од поведување постапка, а допрва треба да се утврди дали под присила постапувала така.
Сопругот, како што изјави, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил неколку кривични дела – наведување на самоубиство и нанесување на телесни повреди.
Полицијата, како што изјави, има и видео снимка како тој ја удира сопугата.
Според информациите со кои досега располага полицијата, во моментот на трагичниот настан во станот биле заклучени само мајката и детето и немало трето лице.
Како што информира Тошковски, во изминатите две години против сопругот на починатата жена имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога.
Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците.
Најави дека од денеска секој потенцијален сторител на семејно насилство ќе биде повикан на информативен разговор.

Пронајдете не на следниве мрежи: