Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во рамките на неговата посета на Северна Македонија, се сретна со премиерот Христијан Мицкоски.
„Во духот на сојузништвото и споделените вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во одржувањето на стабилноста и мирот, како и придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој нагласи дека средбата ја потврди непоколебливата определба на земјата за понатамошно зајакнување на соработката со НАТО и активно да придонесува кон регионалната и глобалната безбедност.
„Средбата претставува потврда за силното партнерство и меѓусебната доверба, како и нашата решеност да продолжиме да дејствуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО“, изјави Мицкоски.
The post Мицкоски до Руте: Северна Македонија ќе соработува со НАТО за регионална и глобална безбедност appeared first on Во Центар.



