Некои од патниците заглавени во Дубаи платиле и до 200 илјади евра за приватни летови.
Десетици илјади патници се заглавени поради војната во која е вклучен Иран, која се прошири во регионот на Заливот.
Сепак, некои побогати патници успеваат да избегаат плаќајќи големи суми за луксузни приватни летови до Европа, преку аеродроми кои се сметаат за безбедни од ирански напади, пишува Форбс.
Побарувачката за чартер летови експлодираше, при што некои луѓе плаќаат и до 200.000 евра за овие летови, откако главните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха во Катар беа затворени по почетокот на конфликтот минатиот викенд.
Патниците се обидуваат да се евакуираат од Дубаи – град кој традиционално се поврзува со безбедноста и луксузот – патувајќи по копно до Мускат, Оман (околу четири часа возење) или до Ријад, Саудиска Арабија (повеќе од десет часа).
Оттаму, тие се качуваат на неколку комерцијални или чартер летови, кои сега чинат многу повеќе од вообичаеното.
Експертите велат дека високите цени го одразуваат недостатокот на достапни авиони и ризиците од работењето во сегашните услови, а не само пазарни шпекулации.
The post Патниците заглавени во Дубаи плаќаат до 200.000 евра за приватни летови appeared first on Во Центар.



