Од СДСМ, преку соопштение денес, велат дека трагедијата во скопската населба Тафталиџе, каде што трагично беа изгубени два живота, мајка и дете, покажа сериозни недостатоци во институциите за заштита од семејно насилство.
Тие потсетуваат дека две години се пријавувало семејно насилство, и физичко и психичко. Имало до 12 пријави за сопругот, кој имал и други обвиненија, а во последниот случај кај него била пронајдена дрога.
„Институциите беа известени, беше направен извештај, имаа информации, имаше индиции за опасност, а со нивната несоодветна реакција, не ги заштитија жртвите. Панче Тошковски потфрли, МВР потфрли, Центрите за социјална работа потфрлија, целиот институционален, државен систем потфрли. Формалната постапка, непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремен одговор доведоа до трагична смрт на мајка и дете. Само пред неколку месеци, во Велес, млада жена не беше заштитена, иако пријави вознемирување, институциите не реагираа соодветно и таа беше убиена заедно со нејзиниот татко. Само во 2026 година, четири животи беа изгубени поради родово базирано насилство и семејно насилство“, велат од СДСМ.
Тие бараат од СДСМ оставка на министерот за внатрешни работи, како и соодветна истрага што ќе ја утврди одговорноста на сите службени лица од Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа и сите други именувани институции.
„Проблемот почнува од врвот! Сега Тошковски се сети да испраќа телеграми, кога некој добива телеграми со сочувство? Досега требаше да добие нешто. Одговорноста е кај оној што го води системот и не може да се префрли на некој друг. Единствената телеграма што треба да ја испрати сега е неговата оставка“, се вели во одговорот на партијата.
The post СДСМ: По трагичниот настан во Скопje, бараме оставка од Тошковски appeared first on Во Центар.



