Нови случаи на семејно насилство, сторителите на информативен разговор

Во два одвоени случаи во Скопје пријавено е повторно семејно насилство врз жени. Во едниот случај, мажот на ја нападнал сопругата, а во другиот случај мажот ја претепал поранешната сопруга. Двајцата се приведени на информативен разговор во полиција.
– На 04.03.2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.
        Во вториот случај извршен е информативен разговор со 49-годишниот скопјанец со иницијали И.Б кој бил пријавен дека на 1 март околу 19:30 часот физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга.
По трагичниот настан во Карпош во понеделникот во кој загинаа мајка и дете – жртви на семејно насилство и реакциите од јавноста дека институциите повторно затаиле, министерот за внатрешни работи најави дека секој кој ќе биде пријавен за семејно насилство ќе биде приведен на информативен разговор во полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: