УЖАС! Куче во паркот ги намириса куферите со телата на девојчињата, а потоа следеа и други шокантни откритија!

Двете девојки кои беа пронајдени мртви во куфери во парк во Кливленд биле во роднинска врска , соопшти канцеларијата на судскиот испитувач.

Телата на неидентификуваните девојчиња, за кои се верува дека се на возраст меѓу 8 и 14 години, ги пронашол сопственикот на кучето во понеделник, 2 март, објави „People“ .

Шефицата на полицијата во Кливленд, Дороти Тод, на прес-конференција изјави дека полицајците пристигнале во областа Ист 162 во Мидленд околу 18 часот по локално време. Местото е опишано како поле во близина на училиштето.

Властите пронајдоа „мртво лице во плиток гроб во куфер“, а за време на пребарувањето на местото на настанот за докази, пронајдоа и „втор плиток гроб“ со уште еден куфер и второ тело внатре.

Канцеларијата на мртовечникот на округот Кујахога потврди преку прелиминарни ДНК тестови дека девојчињата се полусестри .

Портпаролот на канцеларијата, Крис Харис, изјави: „Во овој момент, ниту еден од починатите не е позитивно идентификуван. Истрагата е во тек и ќе обезбедиме дополнителни информации штом ќе станат достапни.“

Тод додаде дека станува збор за малолетни афроамерикански девојки. Се проценува дека едното девојче има помеѓу осум и пол и 13 години, а другото помеѓу 10 и пол и 14 години.

Шефот на полицијата не ја опиша состојбата на телата, но нагласи дека тие не биле распарчени.

„Во овој момент нема јасни индикации за причината за смртта “, рече таа, додавајќи дека телата биле на местото на настанот „веќе некое време“, но не се знае точно колку долго.

Според локалните медиуми, Филип Доналдсон, човекот чие куче ги открило куферите и кој ја повикал полицијата, рекол дека купот земја под која е пронајдено едно од телата била таму најмалку една недела .

„ Беше како куп земја, а кучето застана да помириса… помина предолго, па се вратив и видов дека е куфер кој беше полузакопан. Го зедов и видов глава. Нечија глава во него .“

Досега нема осомничени, а нема и локални извештаи за исчезнати деца што се совпаѓаат со овие девојчиња. Тод го опиша случајот како „ужасен“.
The post УЖАС! Куче во паркот ги намириса куферите со телата на девојчињата, а потоа следеа и други шокантни откритија! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: