Карлеуша проговори за својот трет брак – си постави за цел атрактивен спортист: „Видов еден многу згоден“ – еве за кого станува збор (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша повторно се најде во фокусот на странските медиуми откако даде интервју за турскиот новинар Хабиб Бабар, во кое отворено проговори за својот приватен живот, љубовта и плановите за иднината. 

За време на интервјуто, Карлеуша изјави дека не ја исклучува можноста за повторен брак, но една од нејзините забелешки особено го привлече вниманието на јавноста. 

Имено, пејачката го пофали појавувањето на претседателката на фудбалскиот клуб Фенербахче, Садетина Саран. 

– Видов еден многу убав маж, претседателот на Фенербахче, синоокиот Садетин… Воопшто не е лош – рече Карлеуша со насмевка. 

Оваа спонтана изјава брзо предизвика бројни коментари и шпекулации на социјалните мрежи, но и во турските медиуми, каде интервјуто брзо стана вирална тема. 

Во интервјуто, пејачката објасни и како го добила прекарот „Дива“, кој ја следи со години. 

– Мислам дека тоа е поради мојата енергија на сцената и силниот карактер. Но, ако мене ме прашувате, јас сум само јас – рече Карлеуша. 

За време на интервјуто, таа откри и дека добила бројни бизнис понуди од Турција, но дека во моментов нема конкретни проекти. 

– Ако се појави интересен проект, зошто да не – рече пејачката.

Сепак, таа призна дека би сакала да сними дует со едно од најголемите музички имиња од Турција. 

-Му праќам голем бакнеж – рече Карлеуша, јасно алудирајќи на нејзината желба за потенцијална соработка со популарниот пејач.

Да потсетиме дека Карлеуша минатата година го заврши бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, со кого има две ќерки. Во едно интервју таа нагласи дека моментално е целосно посветена на мајчинството. 

– Веќе не верувам во љубов. Единствената љубов што ја чувствувам е кон моите обожаватели, моите девет мачки и кучиња и љубовта кон моите ќерки – рече Карлеуша.

The post Карлеуша проговори за својот трет брак – си постави за цел атрактивен спортист: „Видов еден многу згоден“ – еве за кого станува збор (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: