ТРАМП ОТКРИ ДАЛИ КУРДИТЕ ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОЈНАТА СО ИРАН: „Тие се подготвени, имавме добри односи“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за вклучување на курдските борци во војната во Иран.

– Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влезат. Не сакам Курдите да бидат ранети, убиени. Имавме добри односи. Тие се подготвени да влезат, но навистина им кажав дека не сакам да влезат – им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Трамп додаде дека Вашингтон „не сака да ја направи војната покомплицирана отколку што веќе е“ .

Многу ирански Курди живеат во соседен Ирак поради прогон во нивната земја. Некои сега гледаат можност да ја соборат иранската влада и да добијат поголема заштита и слободи доколку дојде до промена на раководството таму.

Трамп неодамна разговараше со неколку курдски лидери. „Волстрит џурнал“ објави, повикувајќи се на претставници на американската влада, дека Трамп размислува да ги поддржи ирачките Курди во нивната борба против раководството на Иран.

Trump: We do not want the Kurds to go into Iran pic.twitter.com/mTmLALUa33— Ryan Saavedra (@RyanSaavedra) March 7, 2026

Според некои медиумски извештаи, американската разузнавачка агенција ЦИА почнала да ги вооружува курдските групи во регионот пред неколку месеци. Белата куќа ги отфрли таквите извештаи како лажни.

Курдите се етничка група од приближно 30 милиони луѓе кои живеат претежно во Ирак, Иран, Сирија и Турција.

Тие се борат за својата земја со децении и долго време се прогонувани и потиснувани во Ирак, Иран и Турција. Автономниот курдски регион во Ирак е основан по соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година.
The post ТРАМП ОТКРИ ДАЛИ КУРДИТЕ ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОЈНАТА СО ИРАН: „Тие се подготвени, имавме добри односи“ (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: