Филипче: Ќе се соочиме со нови поскапувања, СДСМ предлага пакет мерки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди на ново зголемување на цените, обвинувајќи ја владата дека не го штити животниот стандард на граѓаните.

„Сега ќе се соочиме со зголемување на цената на сè друго, електричната енергија ќе поскапи, основните прехранбени производи ќе поскапат; ова ќе биде низа настани“, предупредува Филипче.

Според него, бидејќи владата не презема ништо, тие предложиле пакет неопходни мерки за благосостојбата на граѓаните.

„Прво, предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за сите горива – дизел, безоловен бензин, моторно масло, течен нафтен гас и метан. Намалувањето на акцизата за 4 денари е нешто што директно ќе ја намали цената на литар гориво. Понатаму, предлагаме 0% ДДВ за основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален ценовен шок кај основните прехранбени производи“, рече Филипче.
The post Филипче: Ќе се соочиме со нови поскапувања, СДСМ предлага пакет мерки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: