Верити Вент, жена која се разбудила пред три години со сосема поинаков акцент, денес тврди дека воопшто не сака да си го врати стариот глас.
Верити (29) од англискиот округ Стафордшир еден ден решила да подремне за да ја ублажи силната мигрена . Меѓутоа, кога се разбудила, зборувала со посебен североисточен англиски акцент, во што нејзините пријатели и членови на семејството не можеле да поверуваат.
Сè започна на 4 октомври 2023 година. По неколку часа сон, Верити се разбуди со нејасен говор. За само пет минути, нејзиниот говор се разјасни, но наместо вообичаениот начин на зборување, се појави изразен акцент познат како „Џорди“ .
„Бев преплашена. Веднаш отидов на лекар, а тој ме испрати во болница. Одеднаш целиот мој живот дотогаш ми се чинеше туѓ и не знаев која сум всушност“, се сеќава таа.
Лекарите ѝ дијагностицирале редок синдром на странски акцент , поврзан со функционално невролошко нарушување. Тој влијае на начинот на кој мозокот испраќа и прима сигнали во телото.
За среќа, Верити се навикна на новиот акцент доста брзо. Некои луѓе блиски до неа дури тврдат дека ѝ одговара повеќе од претходниот. Промената влијаела и на нејзиниот внатрешен монолог, а новиот акцент може да се чуе дури и во нејзините соништа.
„Сега се чувствувам како ова да е мојот глас. Толку се навикнав што ако го имав назад оригиналниот акцент, ќе ми беше исто толку тешко повторно да се навикнам“, вели Верити.
„Го прифатив она што се случи. Затоа станав поотворена, имам повеќе разбирање и повеќе не се плашам толку од промените“, вели младата жена. Лекарите ѝ кажале и дека синдромот обично трае долго, а понекогаш може да остане траен.
Верити, која работи како фризерка и создава содржини на интернет, вели дека се радува на иднината.
„Ова ми покажа дека сè може да се случи. Времето минува, па затоа морам да продолжам понатаму, што и да ми донесе животот. И којзнае што ќе се случи потоа!“, додава таа.
The post Се разбудила и доживеала шок – поради редок синдром, сè променила и не сака да се врати на старото appeared first on Во Центар.



