Тајмс оф Израел: Новиот ирански лидер е ранет?

Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на Исламската Република Иран“, ја објави веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, наведувајќи дека тој е „ранет во војната“, пренесува Taјмс оф Израел.

Водителите читаат извештаи во кои тој е опишан како „џанбаз“ или ранет од непријателот во „рамазанската војна“, што е начинот на кој медиумите во Иран го нарекуваат тековниот конфликт.

Сепак, телевизијата не даде други детали за новиот лидер на Иран. Неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, како и неговата сопруга, загинаа во израелски воздушен напад врз Техеран на 28 февруари, на самиот почеток на војната.

Оттогаш Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста. За нов врховен водач на Иран беше прогласен синоќа, по гласањето на исламските верски водачи, ајатоласите во Советот на експерти.

Илјадници поддржувачи на иранскиот режим се собраа на централниот плоштад во Техеран за да го прослават назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата.
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, дека нема да трае долго.

Пронајдете не на следниве мрежи: