Полицијата во градот Мако во Унгарија (во близина на српската граница) започна потрага по седум деца со презиме Бузас, кои исчезнаа на 7 март.
Првично се пријавени пет браќа и сестри за исчезнати. Најмалото дете има две години, додека најстарото има 11 години.
На списокот на исчезнати наскоро беше додадена и 39-годишна жена по име Ержебет Анита Пап, која најверојатно е поврзана со исчезнувањето на децата.
Полициски извори велат дека постои можност жената да ги зела децата или дека тие избегале заедно и дека во моментов можеби се движат во иста група.
Полицијата предупредува дека голема група деца и возрасни не можат да патуваат незабележано со јавен превоз и се верува дека сè уште се кријат во истата област.
The post Седум деца исчезнаа во близина на унгарско – српската граница appeared first on Во Центар.



