Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку изгубија и дел од својата иднина. Еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани. Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат, рече претседателот на Собранието Африм Гаши на комеморативната седница посветена на едногодишнината од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.
Screenshot
На седницата на која присустуваа и претседателката на државата и премиерот, Гаши рече дека дури и по една година, тешко е да се изберат зборови, а уште потешко е да се изговорат. – Постојат моменти кога и да ги изберете зборовите, внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество, рече Гаши.
Правда мора да има бидејќи таа може да донесе мал спокој за семејствата и општеството, порача Гаши.
–Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и оштествени чинители, да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност, да се издигнеме како феникс и повторно да ја изградиме оваа држава, овојпат врз основа на чесност, праведност и искреност. Ова да биде последната трагедија, порача Гаши.


