Ирански ракети погодија пет авио-танкери на САД во Саудиска Арабија

Пет авиони за полнење гориво на американските воздухопловни сили беа погодени и оштетени на земја во воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, објави во петокот „Волстрит џурнал“, цитирајќи двајца американски претставници, пренесува Ројтерс.

Авионите, кои беа погодени за време на иранскиот ракетен напад врз саудиската база во последните денови, беа оштетени, но не целосно уништени и се поправаат, објави Журнал, додавајќи дека никој не е убиен во нападите.

Пронајдете не на следниве мрежи: