Најмалку 15,1 милијарди долари приходи од извоз на нафта изгубија земјите од Персискиот Залив поради конфликтот на Блискиот Исток, анализира Financial Times, повикувајќи се на податоци на агенциите за анализа на стоки.
Како што е познато овие земји се исто така цел на напади на Иран, кој таму гаѓа американски бази, но и цивилни и економски цели.
Најмногу изгубила Саудиска Арабија, која е најголемиот извозник од тој регион, најмалку 4,5 милијарди долари.
Големи загуби имаат и Ирак, (која дури 90% од државните приходи ги остварува токму преку продажба на нафта), како и Кувајт и Катар.
Во Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира 20% од нафтата за глобални потреби, кој е речиси затворен, се заглавени најмалку 10,7 милијарди долари сурова нафта, деривати и течен гас, кои не можат да стигнат до своите дестинации.
Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бахреин според анализата имаат комбиниран одложен приход од продажба на нафта и даноци од најмалку 13,3 милијарди долари.



