Силна песочна бура го погоди Појасот Газа, дополнително влошувајќи ги веќе исклучително тешките услови за живот на илјадници раселени Палестинци кои живеат во привремени кампови.
Бурата особено го погоди бегалскиот камп Нусејрат во областа Деир ал-Балах, каде што голем број семејства престојуваат во импровизирани шатори. Силните налети на ветер кренаа огромни количини песок и прашина, отежнувајќи го движењето и секојдневниот живот на жителите.
Жителите на кампот се соочија со многу тешки времиња додека се обидуваа да ги заштитат своите семејства и скромните засолништа од силниот ветер и песок. Бројни шатори беа оштетени, а некои беа целосно срушени, оставајќи ги луѓето без минимална заштита од временските услови.
Прашина и песок навлегоа во шаторите и привремените објекти, што ги принуди многу семејства дополнително да ги зајакнат структурите и да се обидат да спречат песок да влезе во просторот каде што престојуваат децата и старите лица.
Патем, песочната бура е резултат на силен циклон , кој се појави над Египет и донесе силни ветрови. Овие бурни ветрови создадоа песочна бура што падна не само врз Појасот Газа, туку и врз Египет, Израел и Јордан.
Во исто време, циклонот донесе поплави од Кипар преку југот и истокот на Турција и преку Либан и Сирија до Ирак и Иран.
е очекуваат огромни количини на дожд, во многу области над 100 литри, со ризик од поплави и порои.
Се очекуваат и опасни грмотевици.
Поплави и поројни дождови ќе ги погодат и пустинските области, а Багдад е исто така нападнат од грмотевици.
Најкритична е ситуацијата на северот од Ирак, каде што се очекуваат до 250 литри дожд, а на планините до метар и половина снег.
Бура од дожд и снег ќе го погоди и Иран.
Многу лошото време ќе продолжи низ Блискиот Исток во догледна иднина.
The post Погледнете ги сликите! Песочна бура го „ПРОГОЛТА“ Појасот Газа: Целиот Блиски Исток под влијание на временските (НЕ) прилики appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



