сабота, 28 ноември 2026
Најново

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби солзавец во Милано, водени топови во Болоња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Милано, откако била нападната со камења и други предмети за време на судирите на плоштадот пред познатата готска катедрала во центарот на градот, објавија италијанските медиуми.

До насилните инциденти дошло за време на протестите против високите животни трошоци, кога дел од демонстрантите се одвоиле од главната поворка и се судриле со полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицајци опремени за разбивање немири се обиделе да ги отстранат демонстрантите со покриени лица од галеријата „Виторио Емануеле Втори“, луксузната трговска аркада што се наоѓа покрај плоштадот пред катедралата.

Поради немирите, продавниците во централното градско подрачје ги спуштиле ролетните, а туристите почнале да го напуштаат подрачјето. Метростаницата „Дуомо“, која се наоѓа во близина на катедралата, била затворена за време на судирите.

Според италијанските медиуми, во инцидентите биле повредени неколку лица, а полицијата извршила и повеќе апсења. Засега не се наведуваат точниот број на повредени и уапсени во Милано.

Судири и во Болоња, уапсени седум лица

Насилство имало и во северниот италијански град Болоња, каде што полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите откако протестот прераснал во судири.

Новинската агенција АНСА објави дека во Болоња биле уапсени седум лица.

Инцидентите во Италија се случуваат во период на засилени протести во повеќе европски земји, поттикнати од незадоволството поради растот на животните трошоци и влошувањето на јавните услуги.

Во соседна Франција, десетици илјади граѓани во саботата излегоа на улиците поради зголемените трошоци за живот и проблемите со јавните услуги. Демонстрациите прераснаа во насилни судири во повеќе градови, што според извештаите претставува еден од најнасилните бранови протести во земјата во последните неколку години.

Поврзани вести