Јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство

  На денешната 57. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство, со кој се предвидуваат темелни реформи во организацијата и функционирањето на обвинителскиот систем. Воедно, Собранието  треба да се изјасни и за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. 

Јавната расправа следува откако Собранието ја утврди потребата од донесување на законот, со што тој ја помина првата фаза од собраниската процедура.
Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност.
Меѓу клучните новини се поефикасен систем за оценување, прецизирани критериуми за професионалност, подобрено управување со предметите и подетализирана дисциплинска постапка со јасни рокови и механизми за спречување злоупотреби.
Законот ги зголемува и стандардите за транспарентност при изборот на јавниот обвинител, преку јавни седници на Советот на јавни обвинители, јавно презентирање на програмите на кандидатите и објавување на нивните биографии.

Пронајдете не на следниве мрежи: