Со трет организиран лет од ОАЕ вечерва во Скопје се вратија уште 119 македонски државјани

  На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва   пристигнаа македонските државјани евакуирани со третиот организиран лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти лет за евакуација од погодените подрачја на Блискиот Исток. Претходно беа реализирани летови и од Шарм ел-Шеик и Ријад.

  За овој лет се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странци.
Со овој лет вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе се искачи на 605 лица.
Од Министерството нагласуваат дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет и дека со денешната евакуација целосно е заокружен процесот на извлекување на сите македонски државјани што изразиле интерес да се вратат во земјата.
Додаваат дека дежурниот СОС-телефон, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, остануваат достапни за поддршка на македонските граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи: