Им попуштија на кафанџиите: Познато е кога се носи законот за пушење и кои се новите услови за терасите

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека новиот Закон за заштита од пушење ќе се најде пред владата на 24 март, а се очекува да биде целосно усвоен за околу еден месец.
Иако првично се доцнеше со роковите, причината била усогласување на барањата меѓу здравствените експерти и угостителите.

Главните новини што ги носат измените:

Тераси со две отворени страни: Наместо досегашните три, пушењето ќе биде дозволено на тераси кои имаат две отворени страни. Ова е големо олеснување за преку 7.000 угостители во Скопје кои поради архитектурата не можеа да го исполнат претходниот услов.
Подвижни кровови: Доколку објектот има кров што се отвора, тоа ќе се смета за отворена површина.
Одвоени влезови: Најголемиот зафат за газдите на локали ќе биде обезбедување влез кој е физички одвоен од пушачкиот дел. Целта е непушачите да не минуваат низ чад за да влезат во објектот.

Министерот Алиу е оптимист дека со овие мерки, бројот на пушачи во Македонија за две години ќе се преполови – од сегашните 45% на 20%.

Пронајдете не на следниве мрежи: