Италијанската влада денес објави дека ќе ги намали акцизите за горивата во период од 20 дена поради економските последици од војната во Иран, со цел да им се обезбеди помош на најранливите.
Според АНСА, владини претставници изјавија дека намалувањето на акцизата на горивата е мерка одобрена на состанок на кабинетот за справување со високите цени на бензинот.
Оваа одлука вклучува и помош за патен транспорт и рибарство.
„Советот на министри го одобри декретот за гориво, кој предвидува значително намалување на акцизите, што ќе се одрази во намалување на цените на дизелот и бензинот“, изјави за италијанските медиуми италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини.
Тој објасни дека ова е значајна помош, која е привремена.
„Од следните часови, Италијанците ќе плаќаат помалку за гориво од Германците, Французите и Шпанците“, додаде Салвини.
The post Италија ги намалува акцизите на горивата за 20 дена: Италијанците ќе плаќаат помалку од Германците и Французите appeared first on Во Центар.



