Катастрофа за Реал Мадрид: Куртоа ги пропушта двата дуела со Баерн, го чека долга пауза

Реал Мадрид денес доби катастрофални вести, бидејќи нивниот голман Тибо Куртоа се соочува со продолжена пауза поради повреда.

Куртоа се повреди на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Манчестер Сити, кога го напушти натпреварот на полувремето.

Денес беа потврдени најлошите сомнежи на „Кралевите“, бидејќи Куртоа ќе биде надвор од терените шест недели, што значи дека ќе ги пропушти двата натпревари против Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Станува збор за повреда на квадрицепсот, односно за истегнување на овој мускул.

Покрај двата дуела со Баерн, Куртоа ќе ги пропушти и натпреварите од Ла Лига против Атлетико Мадрид, Мајорка, Жирона, Алавес и Бетис.
The post Катастрофа за Реал Мадрид: Куртоа ги пропушта двата дуела со Баерн, го чека долга пауза appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: