Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.
Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година.
Во моментов нема официјална потврда од институциите за идентитетот на приведениот или деталите од случајот. Истражните органи работат на утврдување дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.
Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се наведува дека ова е дел од засилените активности на МВР за сузбивање на корупцијата, кои ќе продолжат и во наредниот период.
Од ОЈО ГОК ја потврдија акцијата посочувајќи дека ќе има детали по завршување на акцијата.
-Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата.



