Снајдер се поблиску до Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е се поблиску до ангажман на фудбалерот на Интер, холанѓанецот Весли Снајдер.

Алекс Фергусон е заинтересиран за ангажман на Весли Снајдер веќе неколку сезони наназад, но се чини дека токму сега е најблиску до остварување на својата желба.

Холанѓанецот е суспендиран од тимот на Интер се додека го пролонгира продолжувањето на договорот, што дефинитивно ќе го забрза трансферот на Снајдер во Манчестер Јунајтед.

Покрај Манчестер Јунајтед, заинтересирани за услугите на Снајдер се и Анжи, Манчестер Сити и ПСЖ.

Како замена за Снајдер, Интер планира да го ангажира словенецот во екипата на Палермо, Јосип Иличиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: