Поради растот на цените на нафтата на светските берзи, во понеделник се очекува ново поскапување на нафтените деривати во земјава. Тоа ќе биде трето последователно зголемување на цената на горивата.
Земјите од регионот веќе излегоа со сет на мерки за ублажување на кризата, а Владата за утре најавува вонредна седница на која ќе се носат мерки за ублажување на последиците од скокот на горивата.
Некои од државите во регионот веќе ги намалија акцизите и ослободија дел од стоковите резерви, а какви мерки ќе донесе Владата ќе биде познато утре.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, литар дизел чини 92 денари, Еуросупер БС – 95 се продава по цена од 86,5 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 88,5 денари.
По одлуката на Окта да ја намали цената на нафтените деривати за два денари за трговците со нафтени деривати, горивата на бензинските пумпи во земјава се намалени за два до три денари.


