Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, бил пронајден починат Д.В.(64).
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Истиот ден подоцна, во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината Д.В.(84) од Скопје. И нејзиното тело по наредба на јавен обвинител, е предадено за обдукција.



