Николоски: Во Вашингтон беа потврдени добрите политички и економски односи со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата на телевизијата Канал 5 зборуваше за неговата посета на Вашингтон и средбите во Светската банка и американскиот Стејт департмент.

Николовски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде што одржал говор заедно со европскиот комесар за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите земји во светот, каде што фокусот на состаноците бил мобилноста и транспортот.

„Бев поканет таму на годишната конференција на Светската банка, каде што одржав говор заедно со комесарот на ЕУ за транспорт. Имаше претставници од целиот свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите земји во светот, во областа на мобилноста и транспортот, и бројни други состаноци во рамките на Светската банка“, рече Николоски.

Тој рече дека се сретнал и со помошникот државен секретар на САД за Европа, како и со бројни други состаноци во рамките на Советот за безбедност. Значи, тоа била сериозна комбинација од економски и политички средби, додаде Николоски:

„За првпат на политичка средба, на високо ниво, тема број еден не е Европската Унија, што мислам дека е резултат на односите што моментално постојат и не е поврзано на никаков начин со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи. А темата беше билатералната соработка, каде што оваа Влада е ценета за поддршката што ја дава. Имаше неколку гласања во ОН, каде што Македонија беше една од ретките земји што ги поддржаа САД. Значи, САД се наш стратешки партнер број еден, имаме договор за стратешко партнерство со нив и мислам дека ова треба да биде приоритет во надворешната политика, исто како што неодамна потпишавме таков договор со Обединетото Кралство. Значи, ова се центрите надвор од Брисел, кон кои го насочуваме нашето внимание“, изјави Николоски.
The post Николоски: Во Вашингтон беа потврдени добрите политички и економски односи со САД appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: