Владата на Србија ја продолжи Уредбата за ограничување на висината на цените на нафтените деривати за уште 150 дена, односно пет месеци, а со која се пропишува начинот на утврдување на највисоките малопродажни цени за еуродизел и бензин еуро премиум БМБ 95.
Уредбата за регулирање на цените на дериватите, според овие измени, ќе важи до средината на август, пренесува „Данас“.
Како што е објавено во Службен весник, Уредбата е донесена на седница одржана на 19 март.
Дополнително, како што веќе беше најавено, Владата ја зголеми цената на дизелот за земјоделците за два динари, од 179 на 181 динари.



