Милановиќ по средбата со Давкова: Има живот и без ЕУ, на Македонија е да процени

Европската Унија е надградба, добредојдена е додека трае, но Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој пат ќе го избере, рече претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

„Ова, претпоставувам, е патот на безбедноста, задоволството, просперитетот, мирот и спокојството на нејзините граѓани. Второто, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО, е фасада, еден вид енергетска обнова, стиропор… она што ја прави куќата е структурата, носечките ѕидови и нејзината структура“, посочи Милановиќ.

Тој додаде и дека истата логика важи и за Хрватска, каде што „ЕУ е добредојдена сензација, додека трае“.

„Ова не е совет, не можам да му го дадам ниту на соседот до кого живеам, а камоли на друга земја, ова се мои мисли. Ова важи и за Хрватска. ЕУ е надградба, а не зграда… ЕУ е добредојдена сензација, додека трае. Тоа е тоа, немам илузии за тоа. Сакам Македонија сама да процени, без туѓа манипулација и менторство, што е добро за неа. Ова трае предолго. Пред 5, 6, 7 години не би го кажал ова, но денес го кажувам затоа што го гледам. Постои живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, заклучи Милановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: