Мохамед Багер Золгхадр беше назначен за нов секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, откако Али Лариџани беше убиен во воздушен напад.
Иранската државна телевизија објави дека Золгхадр има чин бригаден генерал во Револуционерната гарда.
Пред ова назначување, тој беше секретар на Советот за целесообразност.
Да се потсетиме дека Али Лариџани беше висок ирански безбедносен службеник, а беше убиен во израелски напад.
Лариџани се сметаше за личност која требаше да ја води земјата по атентатот врз врховниот лидер во американските и израелските напади на крајот од минатиот месец.
Тој беше назначен за советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи за стратегијата на нуклеарните преговори со американската администрација на Доналд Трамп и отпатува во Оман за да се сретне со медијатори само две недели пред почетокот на војната.
Како и другите високи ирански лидери, Лариџани беше под санкции на САД.
The post Иран доби нов лидер за безбедност: Мохамед Багер Золгхадр е наследник на Али Лариџани appeared first on Во Центар.



