Орландо Блум со 20 години помлада манекенка: Откриени нови детали од врската, еве каде тајно се гледаат (фото)

Актерот Орландо Блум  (49) наводно е во тајна врска со швајцарската манекенка Луиза Ламел (28), откако раскина со пејачката Кети Пери.

Според извори блиски до двојката, двајцата се гледаат веќе неколку месеци, а неодамна уживале во романтично патување заедно во Швајцарија. Тие престојувале во луксузниот хотел „Долдер Гранд“ во Цирих, каде што Блум учествувал на промотивен настан за Порше.

После тоа, тие го поминаа викендот во ексклузивно место на езерото.

„Орландо и Луиза се гледаат тивко веќе некое време. Тие се зближија и постои силна хемија меѓу нив“, изјавил извор за „Сан“, додавајќи дека тие се во контакт и покрај тоа што тој живее во Лос Анџелес, а таа во Њујорк.

Двојката за прв пат се поврза минатиот месец кога беа видени заедно по Супербоулот во Калифорнија. Луиза, која има диплома по психологија, работела за познати модни брендови.

Да потсетиме дека Орландо Блум и Кејти Пери раскинаа минатата година по девет години врска. Заедно ја имаат ќерката Дејзи, додека Блум го има синот Флин од претходниот брак со Миранда Кер.

Засега нема официјални потврди за врската, бидејќи претставниците на двете страни не сакаа да коментираат за овие наводи.
The post Орландо Блум со 20 години помлада манекенка: Откриени нови детали од врската, еве каде тајно се гледаат (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: