недела, 29 ноември 2026
Најново

Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација.

Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, како и присуство на меѓународни медиуми и светски риболовни организации.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По тој повод, на 26 март 2026 година во 12 часот, во просториите на Националниот парк Маврово во Маврови Анови, ќе се одржи потпишување на меморандум за соработка помеѓу Македонската риболовна федерација, Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. Овој настан, како што информираат од Федерацијата, ќе претставува и прв промотивен чекор поврзан со организацијата на светското првенство.

Поврзани вести