СДСМ: Стаменкова, Чокревски, Кузеска, Илијовска и Земон избрани во раководството на партијата

За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски

СДСМ синоќа на седница на Централниот одбор избра нови членови на раководните тела на партијата, информираат од партијата. За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.

За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски.
Дополнително, партијата распиша оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери.
Лидерот на партијата Венко Филипче ја презентира новата предлог-платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата.
„Преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните, ќе биде подготвена финалната верзија на програмата која ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот конгрес на СДСМ“,соопштија од СДСМ.
На седницата е одлучено и 32. програмски конгрес да се одржи на 7 јуни (недела).

Пронајдете не на следниве мрежи: