Вака изгледа Аца Лукас по ИНЦИДЕНТОТ НА БЕНЗИНСКАТА ПУМПА!

Пејачот Ацу Лукас го забележавме денес на аеродромот во главниот град. Имено, фолк пејачот се враќал од настап, а веднаш по царинската контрола, влегол во својот скап автомобил и се упатил во правец на својот дом. Аца, патем, не бил расположен да разговара со собраните прес-екипи.

Патем, ова е прв пат Лукас да биде виден по инцидентот на бензинската пумпа.

Што се случи на бензинската пумпа?

На 15 март оваа година, Фолкер Аца Лукас спасил работник на бензинска пумпа во близина на Сремска Каменица кога околу четири часот наутро му се приближил разбојник и му се заканил со нож.

Имено, Аца Лукас случајно се нашол на бензинска пумпа и веднаш помогнал кога влегол разбојник и побарал пари од работникот. Сè се случило на патот Нови Сад – Сремска Каменица.

– Вечерва, односно околу 4 часот утрово, еден разбојник дошол до пумпата и му се заканил на работникот со нож, барајќи да му го предаде целиот пазар. Случајно, токму во тоа време, нашиот познат пејач застанал на бензинската пумпа за да наполни гориво. Штом видел што се случува, интервенирал и успеал да го избрка разбојникот – рекол тогаш изворот на Курир, додавајќи дека никој не е повреден, а разбојникот не успеал да ја ограби пумпата.

Фолк ѕвездата не сакаше да елаборира за овој херојски чин, оставајќи им на властите да го решат случајот. За порталот „Хајп“, Лукас кратко коментираше: „Бев на пумпата, не би навлегувал понатаму на таа тема, оставете ја полицијата да си ја заврши работата. Ви благодарам“.
The post Вака изгледа Аца Лукас по ИНЦИДЕНТОТ НА БЕНЗИНСКАТА ПУМПА! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: