Во Дојран ќе се гради инклузивна плажа за луѓето со попреченост

Дојран ќе добие инклузивна плажа на брегот на езерото, со цел да се обезбеди еднаков пристап до јавните туристички услуги за сите граѓани.

Покрај изградбата на инклузивна плажа во Дојран, проектот предвидува и набавка на електрични возила за туристички разгледувања во југоисточниот регион, поставување на 14 универзално пристапни знаци за насочување, како и обезбедување на 18 мобилни рампи за општините.

Ова се прави во рамките на проектот „Пристапност и инклузија за сите до јавните туристички добра и услуги“ (TX4ALL), во кој учествува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Проектот се реализира преку Интеррег VI-A ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

Пронајдете не на следниве мрежи: