Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Деветтоодделенец рани соученик во средно училиште во Чељабинск користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.

Инцидентот се случи кога напаѓачот пукаше со сигналниот пиштол, а потоа се обиде да избега низ прозорец, при што се повреди, објави РИА Новости.

Двајцата ученици се хоспитализирани, но нивните животи не се во опасност.

Наставата во училиштето е прекината, а обвинителството ќе ги провери безбедносните мерки и контролата на пристап во образовната институција. Покрената е кривична постапка за обид за убиство.

Пронајдете не на следниве мрежи: