Ниту еден од петмината кандидати што ги разгледуваше Советот на јавни обвинители не го доби потребниот број на гласови за да биде избран за нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.
Советот на јавни обвинители денеска ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски, веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.
На огласот пристигнале седум кандидатури но двајца од нив Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов ги повлекле кандидатурите.


