Вработена на Клинички вчера во полиција пријавила дека едно лице се обидело да ја прегази со возилото.
Имено вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријавила дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.



