Европската Унија и Велика Британија наскоро би можеле да се најдат во ситуација повторно да бараат руски производители на енергија, додека притисокот врз енергетскиот пазар се зголемува од ден на ден, објавува Политико.
„Политико“ се повикува на пораките што доаѓаат од Москва во услови на растечка нервоза поради евентуален нов скок на цените на нафтата и горивата.
Зад затворени врати во европските политички кругови веќе се разгледуваат сценарија, за кои сè уште се дискутира јавно многу претпазливо, и токму во овој момент Москва се обидува да го зголеми притисокот тврдејќи дека Брисел и Лондон, и покрај сегашната политика, на крајот ќе мора да се вратат на руските енергетски снабдувања.
Таква проценка даде Кирил Дмитриев , специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека Европа и Велика Британија, соочени со зголемен енергетски притисок, ќе бидат принудени да побараат помош од Русија.
– Русија несомнено ќе добие бројни барања од Европа и Велика Британија… и ќе одлучи дали да ги одобри или не. Нашата прогноза е кристално јасна: Европа и Велика Британија ќе молат за руски енергетски резерви – рече Дмитриев на состанокот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи.
Москва најавува цена од 200 долари за нафта
Ваквите тврдења се темелат на сè понапнатата ситуација на глобалниот пазар на енергија. Снабдувањето е веќе под притисок, додека дополнителна неизвесност создава конфликтот на Блискиот Исток, што би можело да ги зголеми цените уште повеќе и да предизвика нов бран нестабилност во Европа.
Според Дмитриев, цената на нафтата во такви околности би можела да скокне на помеѓу 150 и 200 долари за барел, што, според него, би отворило врата кон најтешката енергетска криза за која Европа во моментов нема готов одговор.
Тој исто така тврди дека Западот си ја отежнал позицијата откако го намалил купувањето на руски енергетски производи по почетокот на војната во Украина, оценувајќи дека тоа си нанело сериозна штета.
Брисел го отфрла враќањето кон руската енергија
И додека од Москва пристигнуваат пораки дека европските земји ќе мора да го променат курсот, официјалниот став на Брисел останува непроменет. Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека нема враќање на старата енергетска зависност од Русија.
– Нема враќање на зависноста од руските енергетски ресурси – рече Јоргенсен, јасно ставајќи до знаење дека Европската Унија не планира да ја промени својата стратешка насока и покрај можните пазарни шокови.
Дмитриев, сепак, тврди дека последиците би можеле да се почувствуваат многу брзо и дека кризата со горивото во Европската Унија и Велика Британија би можела да стане видлива за две до три недели.
Во време кога политичката решителност во Брисел доаѓа во директен судир со притисоците врз енергетскиот пазар, останува отворено прашање колку долго Европската Унија и Велика Британија ќе можат да издржат без руските резерви на енергија ако цените продолжат да растат, а недостигот почне да го диктираат темпото.
The post Путин ја слави победата! Гром од Европа: Еве што одеднаш побараа од Русија – се формира ред пред портите на Москва appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



