Европејците мора да се подготват за подолг период на ограничени испораки на нафта и гас, изјави европскиот комесар за енергетика, Ден Јергенсен, за „Фајненшл тајмс“.
– Ова ќе биде долга криза, а цените на енергијата ќе бидат повисоки многу долго време – нагласи тој, како што објави „Oil Price“.
Тој додаде дека со некои „критични производи, ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во наредните недели“.
Комесарот истакна дека кризата сè уште не се манифестирала во пракса.
„Сепак, реториката што ја користиме и зборовите што ги користиме сега се посериозни отколку што беа во претходните кризи“, истакна тој.
Ирански и руски поморски вежби во близина на Ормускиот теснец на 19 февруари
Тој додаде дека ова сигурно ќе биде долгорочна ситуација и дека „ земјите треба да бидат сигурни дека го имаат она што им е потребно “.
Јергенсен претходно на неформалниот состанок на министрите за енергија на ЕУ изјави дека цените на нафтата и гасот нема наскоро да се вратат на нивоата од пред војната, дури и ако конфликтот на Блискиот Исток заврши денес.
– Во финансиска смисла, 30 дена конфликт веќе ја чинеа Европската Унија 14 милијарди евра сметки за увоз на нафта и гас – додаде комесарот.
The post Злокобно предупредување до сите граѓани на Европската Унија: „СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА НАЈЛОШОТО“ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



