недела, 29 ноември 2026
Најново

(Видео) Директорот на „Македонски шуми“ потврди: Има вработени што земаат плата, а не одат на работа – На пратеникот Милевски му е смешно

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчерашната трибина на министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“ Здравко Трајанов и локални функционери во Битола не помина најдобро за претставниците на власта.

Покрај бројните видеа кои беа објавени на социјалните мрежи во кои земјоделците упатија жестоки критики до министерот, до редакцијата на Инфомакс пристигнаа и видеа каде присуртни на трибината го прашуваат директорот на „Македонски шуми“ дали во Битола има вработени кои не одат на работа, а земаат плата и тој одговара потврдно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што можете да видите, на трибината се присутни и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски.

Поврзани вести