ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетник силувал друг малолетник

МВР информира дека рано утринава во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека на вчера во Кочани извршил полово дејствие врз друг малолетник.

Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: