Сончево со температури до 25 степени Целзиусови

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

До средината на седмицата ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина над 70 km/h. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно време со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Пронајдете не на следниве мрежи: