Со албански знамиња и со пораки Стоп за институционалната дискриминација помина денешниот протест пред Министерството за правда. Учесниците побараа да се применува Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит.
Дел од транспарентите што ги носеа учесниците на протестот беа дека за Охридскиот договор не може повторно да се преговара и дека Законот за јазици е јасен.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека група од уставни експерти веќе работат на решение и ги повика студентите да не дозволат да бидат алатка на една опозициска партија која повеќе од 20 години не успеала да го реши ова прашање


