недела, 29 ноември 2026
Најново

„Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, оцени дека поради отфрлањето на руските енергетски ресурси, ЕУ ја очекуваат исклучително тешки времиња.

„Одбивањето на Европската Унија да се потпира на руските енергетски резерви и другите глупави идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вака шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) го коментираше мислењето на експертите од „Волстрит џурнал“ дека нафтената криза што ја погоди Азија најавува тешки времиња и за Европа, пренесува РИА Новости.

Во подоцнежна објава на истата социјална мрежа, Дмитриев додаде дека „Азија е помудра и се грижи за својот народ“, осврнувајќи се на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, „додека ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.

Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток практично го запре превозот низ Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив, предизвикувајќи скок на цените на енергијата низ поголемиот дел од светот.

Поврзани вести